Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наполи игра одлично оваа сезона во Серија А и сè уште не знае за пораз, па е на добар пат да го освои Скудетото освен ако не се случи чудо до крајот.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во мечот против Аталанта и ја искористи на најдобар можен начин – со гол, кој донесе победа од 2-1 за Наполи.
„Елмас беше казнет затоа што не играше добро на почетокот на сезоната, но сега го покажа својот квалитет и можам да му честитам. Мило ми е што покажавме дека може да победиме и без Кварацкелија, кој е во неверојатна форма оваа сезона“, вели тренерот Лучано Спалети.
Екипата од Неапол има 35 бодови на првата позиција во Серија А, односно шест повеќе од актуелниот првак Милан.