Азар ги пакува куферите и во јануари си оди од Реал Мадрид

Белгискиот репрезентативец Еден Азар пред неколку дена имал разговори со тренерот Карло Анчелоти по што му било потврдено дека нема да добива голема минутажа за екипата.

Азар не е среќен што нема добра минутажа во тимот, но големиот број повреди имаа влијание врз неговата форма и сега Белгиецот среќата ќе си ја бара на друго место.

Анчелоти оваа сезона им дава предност на Винисиус Жуниор, Родриго и Марко Асенсио, па тоа јасно покажува дека Азар е вишок и ќе биде продаден во јануари.

„Ел Насионал“ објави дека Азар сака да се врати во Англија по Мундијалот во Катар, а наводно негов следен клуб ќе биде Њукасл кој е подготвен да плати 20 милиони евра.