Урнебесно: Валверде ја шутна топката во стан на навивачи на Рајо (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа загуби на гостувањето кај Рајо Валјекано со 2-3 и го загуби првото место во ла Лига, а по мечот се зборува за потегот на Федерико Валверде, кој ја испрати топката во стан на навивачи на домаќинот.

Навивачи на трибините успеале да го снимат шутот на Валверде, кој заврши во зградата и ги изненади гледачите кои од тераса го следеа натпреварот.

Од Рајо Валјекано решија навивачот да не ја враќа топката која слета во неговиот дом и така си доби сувенир.