Австралија ја укина забраната: Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ добива одлични вести од Австралија, каде што ќе може да настапи на првиот гренслем-турнир во сезоната во Мелбурн.

Австралиските власти му ја укинале тригодишната забрана за влез во државата, откако на почетокот на годинава беше депортиран од Австралија.

Светот полека се враќа во нормала,а  тоа е одлична вест за Ѓоковиќ кој во претходните две години се мачеше и пропушти голем број турнири затоа што не сакаше да се вакцинира против ковид-19.

Ѓоковиќ досега има освоено девет титули во Мелбурн, па в година ќе ја брка 10-та титула на турнирот, кој ќе се одржи во период од 16 до 29 јануари.