„Бомба“: Мбапе се сели во Англија!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе, наводно, не е задоволен во ПСЖ и затоа повторно се актуелни шпекулациите дека ќе си замине од гигантот од Париз.

„Мирор“ објави дека негова следна дестинација би можела да биде Манчестер јунајтед, кој планира да го ангажира Мбапе како замена за Кристијано Роналдо, кој претходно направи хаос во клубот со интервјуто со Пирс Морган.

Роналдо си пресуди со зборовите кои ги кажа против тренерот Ерик Тен Хаг и раководството на клубот, па би можел да замине уште во јануари, а следното лето „црвените ѓаволи“ тргнуваат по потписот на Мбапе.

Мбапе во моментов заработува 500.000 фунти неделно, па наводно „ѓаволите“ нема да имаат проблеми со платата, а за трансферот ќе плати околу 150 милиони фунти.