Зошто Барса, а не Реал? Родри прозбори и засекогаш ги разреши сите дилеми!

Родри летово ја одби понудата од Реал Мадрид и одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Барселона. Сега конечно објасни зошто го одбра каталонскиот клуб наместо проектот кој му го понуди Жозе Мурињо.

Шпанската ѕвезда Родри летово на маса имаше понуди од двата најголеми шпански клуба. На крајот го одби Реал Мадрид и го прифати повикот на Барселона.

Долго се зборуваше дека неговиот трансфер од Манчестер Сити во Реал е ‘завршена работа’. Се чекаше потписот, но одеднаш пристигна веста дека Родри стана нов член на Барселона.

Сјајниот играч од средината на теренот објасни зошто го прифати повикот на каталонскиот гигант. Причината е сосема јасна.

“Реал Мадрид навистина многу пробуваше да ме доведе. Жозе Мурињо ми рече дека многу ме сака, ми ги претстави своите идеи и тоа ме привлече. Станува збор за врвен тренер”, рече Родри и продолжува:

“На крајот решив да потпишам за Барса. Причината е исклучиво спортска. Сметам дека во Барселона можам многу повеќе да постигнам како играч, можам дополнително да напредувам. И тоа не само краткорочно, туку и во иднина.”