Фенербахче ќе плати 2,5 милиони евра за Алиоски


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турскиот гигант Фенербахче е задоволен од македонскиот реперзентативец Езгјан Алиоски и ќе плати 2,5 милиони евра за да го откупи неговиот договор од Ал-Ахли.

Гигантот од Истанбул веќе ги подготвил парите и наскоро ќе ја испрати понудата за да го комплетира трансферот, откако Алиоски пристигна во Фенербахче на едногодишна позајмица минатото лето.

Алиоски досега успеа да постигне еден гол и да запише една асистенција, но секако со неговите настапи помага на клубот да се бори за титулата во турската Суперлига.

Македонскиот репрезентативец претходно испиша историја и во Саудиска Арабија откако стана најефикасен лев бек кој бил вклучен во 16 голови на својата екипа.