Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација утре од 14 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе се соочи против Азербејџан во пријателски меч кој ќе биде последен за оваа година.
Барди кажа дека македонските фудбалери ќе дадат сè од себе за да ја завршат годината со победа.
„Фаворити во фудбалот денеска не постојат. Ние мора да одиграме најдобро што знаеме, ја анализиравме и средбата со Финска, мора да ги поправиме грешките. Противничкот е силен, но ние ќе го нападнеме и сакаме годината да ја завршиме со победа“, кажа Барди.