Челси го договори за следното лето, а тој сега дозна катастрофални вести!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси, според дел од медиумите, го договорил трансферот на Кристофер Нкунку од Лајпциг за следното лето, но младиот фудбалер денеска дозна ужасни вести.

Нкунку доживеа тешка повреда и сега го чека долга пауза. Причина за повредата е Едуард Камавинга, кој со невнимателен старт го оддалечи неговиот колега од фудбалските терени.

Според првите проценки, младиот Французин поради скинати лигаменти ќе мора да паузира до февруари идната година, а тоа е проблем и за Лајпциг.

Фудбалерите од повреда на лигаментите на коленото се враќат во форма по подолг временски период и тоа не му оди во прилог ниту на англискиот гигант, кој се надеваше дека конечно ќе добие одлично засилување во нападот.

Челси за услугите на Нкунку ќе исплати 60 милиони евра, колку што изнесуваше откупната клаузла.