Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентина славеше со 2-0 против Полска и обезбеди осминафинале, а резултатот можеше да биде поразличен доколку Лионел Меси реализираше пенал во првото полувреме, кој му го одбрани Војчех Шчесни.
Меси за време на натпреварот не го прифати поздравувањето од неговиот ривал од Полска, Роберт Левандовски, но сепак на крајот се смирија страстите до крајот на мечот.
Аргентинецот откри дека разговарал со Левандовски по натпреварот меѓу Полска и Аргентина.
„Разговарав со Левандовски. Сè што ќе се случи на теренот, останува таму. Исто е и во соблекувалната“, кажа Меси.