Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол има само 20 години, а важи за еден од најдобрите стопери во светот и наскоро би можел да го напушти Лајпциг.
Интерес за потписот на дефанзивецот на Лајпциг покажаа неколку гиганти, меѓу кои се Манчестер јунајтед, Челси, Реал Мадрид и Барселона.
Гвардиол беше приоритет на Томас Тухел додека го предводеше Челси, а тој остана на листата со желби и на новото раководство, па премиерлигашот планира да го купи следното лето.
Лајпциг претходно договори продажба и на Кристофер Нкунку во Челси за 60 милиони евра, но трансферот на Гвардиол ќе чини многу повеќе и ќе го урне рекордот од 87 милиони евра за Хари Мегваер.