Барела не гледа СП во Катар, сè уште го боли поразот од Македонија!

Италијанскиот фудбалер Николо Барела во разговор со медиумите кажа дека не го гледа Светското првенство (СП) во Катар.

Барела и неговите сонародници останаа без шанса да се борат за место на Мундијалот, откако Македонија ги елиминира од полуфиналето на баражот во Палермо.

Александар Трајковски во 93-та минута им ја затресе мрежата и ги расплака „аѕурите“ среде Палермо.

„Не гледам СП во Катар, уште во глава ми е разочарувањето против Македонија. Овој пат ние бевме проблемот, но сметам дека секогаш на Мундијал треба да игра европскиот шампион или првакот во Јужна Америка“, кажа Барела.