Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ игра одлично на Мундијалот во Катар и е еден од главните играчи поради кои „коцкестите“ се во полуфиналето.
Хрватскиот голман беше одличен во пенал-рулетите, при што запре голем број удари на Јапонците, а потоа ги елиминира и Бразилците.
Голманот на Динамо Загреб привлече интерес од многу гиганти, меѓу кои и Баерн Минхен, но сепак поранешниот чувар на мрежата на германскиот гигант, Оливер Кан кажа дека се откажале од трансферот.
„Човекот кој го запре Бразил за мене секогаш ќе биде херој. Секоја чест за Ливаковиќ, не се сомневам дека ќе игра во врвен клуб“, кажа Кан.