Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси си го оствари сонот и ја освои светската круна која му недостигаше, додека Кристијано Роналдо остана со празни раце и ова ја реши вечната дилема за тоа кој е подобар, сметаат фудбалските експерти.
Аргентинецот доби уште една борба против Роналдо, а неговиот сонародник Серхио Агуеро вели дека ѕвездата на ПСЖ и пред Мундијалот била подобра од Португалецот.
„Мислам дека повеќе нема сомнеж. За мене немаше дилеми ниту пред Мундијалот. Кристијано имаше неверојатна кариера, но Лео беше и сè уште е најдобар во светот“, кажа Агуеро.
Да потсетиме, Аргентина славеше на пенали против Франција во финалето на Мундијалот на Катар.