Падна договор: Челси се засили со голем талент!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси продолжи со засилувањата за иднината, па така денеска бил постигнат договор за трансфер на Давид Датро Фофана.

Специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо објави дека медицинските прегледи ќе бидат извршени во Лондон, а веќе се договорени и личните услови со фудбалерот.

Фофана е роден во 2002 година и ќе му се приклучи на Челси од екипата на Молде, каде што оваа година постигна 21 гол и седум асистенции.

Вкупниот износ на трансферот ќе биде 12 милиони евра, а тоа нема да ги промени плановите за Кристофер Нкунку кој претходно беше договорен од Лајпциг.