Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Карим Бензема ја освои „Златната топка“ по одличните настапи за Реал Мадрид, но месецов не беше дел од репрезентацијата која го освои второто место на Мундијалот во Катар.
Бензема се повреди пред почетокот на Светското првенство, а потоа се скара со селекторот Дидие Дешам, кој не сакаше да го врати во тимот по рехабилитацијата.
Меѓутоа, Бензема имал проблеми со повеќе луѓе од репрезентацијата, а не само со Дешам и тоа може да се забележи во објавите на француските медиуми.
Бензема ги избришал речиси сите француски репрезентативци од неговиот профил на Инстаграм, а ги оставил само Мбапе, Варан, Турам, Чуамени и Камавинга.