Голем удар за Вардар: Христов потпиша за Гостивар!

Гостивар доби големо засилување во нападот пред почетокот на вториот дел од сезоната во кој ќе се бори за пласман во македонската Прва Лига.

Симеон Христов има 30 години и во првиот дел од сезоната настапуваше за Вардар, но реши да си замине и да потпише за Гостивар.

Напаѓачот во минатото ги носеше дресовите на Работнички, Борец, Македонија ЃП, Еуромилк, Тетекс, Брегалница, Пелистер, како и Егри, Вашаш, Мјанмар и други.