Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот фудбалер Рис Џејмс е вистински малер бидејќи се рехабилитираше по повредата и конечно заигра за Челси во победата против Бормут, но потоа се повреди и сега го чека долга пауза.
Челси соопшти дека нивниот десн бек го чека пауза од еден месец, откако го повреди коленото кое го мачеше и претходно.
„Џејмс по последните прегледи ќе мора да паузира еден месец“, соопшти Челси.
Англичанецот во јануари нема да настапува за премиерлигашот, но ќе се врати пред дуелите во нокаут-фазата во Лига на шампиони (ЛШ).