Пресврт: Челси ќе продолжи договор со омразен фудбалер?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси планира да му го продолжи договорот на италијанскиот репрезентативец Жоржињо, кој во претходниот период игра лошо и налути дел од навивачите кои побараа да замине од клубот.

Менаџерот на Жоржињо, Жоао Сантош објави дека во моментов приоритет на Италијанецот му е да го продолжи договорот со премиерлигашот.

„Добивме предлог од Челси да потпишеме нов договор. Во моментов приоритет ни е да ги продолжиме преговорите со Челси“, кажа Сантош.

Жоржињо пристигна во Челси во 2018 година од Наполи, а има договор со „сините“ до јуни 2023 година, додека Сантош призна дека Италијанецот имал понуда да се врати во Неапол.