Си замина легендарниот Пеле: Двајца Македонци играле против Бразилецот (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилската легенда Пеле вчера почина на 82-годишна возраст, а ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата кој освоил три Светски првенства.

Интересно е тоа што против бразилската легенда имаат играно двајца македонски фудбалери, и тоа Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски.

Тие во дресот на Југославија во далечната 1968 година играле против Бразил на „Маракана“, а тогаш главен фудбалер на „кариоките“ беше Пеле.

Спасовски успеа и да постигне гол за водство на Југославија, а повеќе за тоа може да погледнете во продолжение.