Вајт се степа со сопругата во ноќен клуб (Видео)

Првиот човек на УФЦ, Дена Вајт се степа со сопругата Ен во ноќен клуб за време на прославата на Новата година.

Парот бил во ВИП простор заедно со пријателите, а 53-годишниот Вајт добил шлаканица од сопругата, по што физички ја нападна.

Медиумите пишуваат дека тие двајца биле пијани, а морале да интервенираат и нивните пријатели за да спречат посериозен инцидент.

Вајт е претседател на УФЦ од 2001 година, а под негово водство организацијата стана најпопуларна во светот на боречките спортови.