Ѓорческа се избори за полуфинале во Талин

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжи со одличните настапи во Талин, Естонија, па денеска избори полуфинале на турнирот.

Третата носителка на турнирот беше подобра од Италијанката Дебора Кјеза со 2-1 во сетови, односно 6-3, 4-6 и 6-4 за место меѓу најдобрите четири тенисерки.

Ѓорческа во полуфинале ќе се соочи против Турчинката Зејнеп Сонмез, која денеска беше подобра од Лесли Патинама Керкова со 2-1 во сетови, односно 7-5, 3-6 и 6-4.