Боели нема да штеди: Челси до крај на јануари ќе го урне трансфер-рекордот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Челси во јануари потроши повеќе од 300 милиони евра на нови засилувања, а газдата Тод Боели не планира да запре бидејќи има уште неколку желби кои сака да ги оствари.

Потругалски „Рекорд“ објави дека Челси тргнал по услугите на Енцо Фернандез од Бенфика, кој не успеа да го купи на почетокот нја месецов.

Бенфика не сакаше да го продаде за помалку од 125 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула, па Челси сега е подготвен да плати толку пари и така да го урне трансфер-рекордот.

Премиерлигашот така би го урнал претходниот рекорд кој го држи Џек Грилиш, кој за 117,5 милиони евра го засили Манчестер сити од Астон вила.