Перез има план како да го земе Халанд, но дали тоа е возможна мисија?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се откажа од ангажман на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд.

„Кадена Сер“ објави дека Перез во Халанд гледа замена за францускиот напаѓач Карим Бензема, кој е пред крајот на неговата кариера.

„Перез има план како да го донесе Халанд во Реал. Норвежанецот во договорот има клаузула за откуп. Ако некој го плати тој износ, тогаш Халанд ќе го напушти Манчестер. Претседателот на Реал сака да има робот во својот тим, а тој робот да се вика Халанд“, пишува медиумот.

Норвешкото чудо од дете, наводно, има откупна клаузула до 200 милиони евра, а во досегашниот дел од сезоната на 26 меча постигна 31 гол за „граѓаните“.