Газдата на Челси нема нерви: Потер добива отказ, а на кормилото доаѓа Германец?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тод Боели потроши над 300 милиони евра за засилувања во зимскиот преоден рок, но ниту тоа не му помогна на Челси да се врати на победнички патеки, а прва „жртва“ би можел да биде тренерот Грем Потер.

Боели влегол во соблекувалната на Челси и разговарал со фудбалерите, но и со тренерот Потер, кој наскоро би можел да добие отказ.

Интересно е тоа што вчера на трибините бил забележан Ханси Флик, кој е еден од кандидатите за тренер на Челси, иако во моментов е селектор и на германската фудбалска репрезентација.