Работнички се засили со најталентираниот фудбалер на Победа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот македонски шампион Работнички се засили со најталентираниот фудбалер на Победа, Филип Тодороски.

Тодороски минатото лето имаше понуда да се пресели во Бешикташ од Турција, но реши да остане во Прилеп, меѓутоа лошата ситуација го натера да замине од Победа.

Македонскиот фудбалер игра како офанзивен играч за врска, но може да игра и како лево крило, па без сомнеж ќе биде големо засилување за Работнички.

Тодорски потпиша двегодишен договор со Работнички и ќе му се приклучи на поранешниот соиграч од Победа, Атхе Мазари кој претходно потпиша за екипата од Дебар Маало.