Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Наполи се на добар пат да го освојат Скудетото во Серија А по долга пауза, а во битката им помага и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој постигна пет гола.
Во италијанските медиуми често може да се прочитаат шпекулации дека Елмас ќе си замине од екипата, иако Лучано Спалети му дава минутажа на теренот, меѓутоа Наполи не сака да го продаде за малку пари.
Новинарот Франческо Модуњо на „Теленовело“ објави дека ја дознал откупната цена на Елмас и таа воопшто не е ниска.
„Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи и има нова цена. Кој сака да го купи ќе треба да плати 50 милиони евра“, кажа новинарот.