Академија Пандев се засили со Аргентинец


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот прволигаш Академија Пандев се засили со аргентинскиот фудбалер Нахуел Франко кој доаѓа од Росарио Сентрал.

Овој 21-годишен фудбалер може да игра на левата бековска позиција, но и левата стоперска позиција, а со Академија Пандев потпиша две ипол годишен договор.

Академија Пандев претходно се засили со Хакан Агул, Микеил Ергемлидзе, Матеј Цветаноски, Сандро Ембало, Бурхан Мустафа, Георгие Јанкулов и уште неколку фудбалери.