Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот гигант Манчестер јунајтед одигра 2-2 на гостувањето кај Барселона во првиот меч од нокаут-фазата во Лига Европа.
Тренерот Ерик Тен Хаг кажа дека е задоволен од резултатот, иако сакал да победат на „Камп Ноу“, но во центар на внимание е неговиот потег по дуелот со Барселона.
Тен Хаг потврди дека по мечот ги седнал фудбалерите во авион и ги вратил во Манчестер за да имаат доволно време да се одморат пред напорниот викенд во Премиерлигата.
Пред „ѓаволите“ е тежок испит против Лестер сити, а Тен Хаг сака да освојат нови три бода со кои би им се приближиле на Манчестер сити и Арсенал на врвот во лигата.