Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити одигра 1-1 против Лајпциг во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Пеп Гвардиола кажа дека е задоволен од резултатот.
Гвардиола кажа дека е среќен поради целиот натпревар, а не само поради првото полувреме во кое неговата екипа имаше водство.
„Што очекувавте вие? Дека играме пријателски натпревари и ќе победиме со 5-0? Тоа не е реално. Сте гледали ли натпревар на Лајпциг?“, праша Гвардиола.
Гвардиола посочи дека имаат добар резултат пред реваншот во Манчестер.