Алкараз заврши на психолог – немал девојка година ипол!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз кажа дека не е лесно да се посвети и на професионалниот и на приватниот живот.

Алкараз во интервју за „Вог“ разговараше за различни теми, а една од нив беше интимниот живот.

„Комплицирано е кога не сте на исто место. Тешко е да се најде личност со која ќе ги споделите работите ако сте на различна страна на планетата“, кажа Алкараз.

Шпанецот откри дека немал девојка веќе 18 месеци и призна дека поради тоа, но и други проблеми мора да оди на психолог.