Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул следното лето ќе прави ремонт на екипата, како што најави тренерот Јирген Клоп, а една од легендите на тимот веќе му соопштила дека ќе замине.
Бразилецот Фирмино му кажал на Клоп дека на крајот на сезоната сака да си замине од „Енфилд“, иако имаше шпекулации дека сака да ја продолжи соработката.
По неуспешните преговори со управата, Фирмино решил дека е најдобро да се збогува со „црвените“, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Фирмино пристигна во Ливерпул во 2015 година, кога премиерлигашот плати 41 милион евра за неговите услуги од Хофенхајм, а тој во меѓувреме настапи на 352 меча и постигна 107 гола и 78 асистенции.