Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот гигант Барселона има сериозни финансиски проблеми со години, па поради тоа ќе мора на лето да продаде фудбалери со вредност над 200 милиони евра.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона мора да направи таков потег ако сака да ангажира нови засилувања на лето, а оваа информација доаѓа по вчершната изјава на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Тебас кажа дека е невозможно Каталонците да купат нови засилувања со моменталните финансии кои ги имаат.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта веќе донесе неколку спонзори и направи неколку важни потези со кои го извлече клубот од криза за момент, но мора да најде ново решение затоа што екипата беше елиминирана во рана фаза од европските натпреварувања.