Елмас на семафори му подари дуксер на момче (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас учествуваше со асистенција во победата на Наполи од 2-0 против Аталанта.

Елмас на пат кон дома сретна две момчиња, а потоа го соблече дуксерот и му го даде на едното од нив.