Артета стигна до 100 победи како тренер во Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал го здроби Фулам со 3-0 во 27. коло од англиската Премиерлига и остана на пет бодови предност пред Манчестер сити.

Екипата на Микел Артета немаше милост за градскиот ривал, а тренерот стигна до 100 победи на кормилото на лондонскиот гигант.

„Јас сум среќен што победивме. Посебно затоа што беше во гости без да примиме гол. Тросар имаше три асистенции. Вежбаме многу и постигнуваме убави голови“, кажа Артета.

Арсенал се наоѓа на првата позиција со 66 бодови, односно пет повеќе од Манчестер сити, додека во топ-4 се уште и Манчестер јунајтед и Тотенхем.