Манчестер јунајтед добива нов голман: Тен Хаг сака да го замени Де Хеа

Манчестер јунајтед игра променливо оваа сезона, но со подобри резултати од претходните сезони, па сега тренерот Ерик Тен Хаг сака дополнително да го засили составот.

Голманот Давид Де Хеа е прв чувар на мрежата на „ѓаволите“, но Тен Хаг сака да донесе негов наследник и наводно изборот паднал на голманот на Андерхелхт, Барт Вербруген.

Овој 20-годишен голман стана прв голман на Андерхелх по Светското првенство, а сега „ѓаволите“ ќе се обидат да го купат за само 10 милиони евра.