Меси се појави во ресторан во Буенос Аирес, па мораше полиција да го „спасува“ од навивачите (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси е главна сензација во татковината, а тоа можеше да се забележи и во Буенос Аирес.

Меси го искористи слободното време така што го посети ресторанот „Дон Хулио“ во Буенос Аирес, а набрзо пристигнаа илијадници фанови пред ресторанот, по што мораше да интервенира и полицијата.

Ѕвездата на ПСЖ не можела да излезе од ресторанот, па локалното обезбедување побарало помош од полицијата, која успеа да го изнесе Меси од хаосот.