Артета остана без еден од најважните фудбалери до крајот на сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал е на добар пат да ја освои титулата во Премиерлигата по долга пауза, меѓутоа има уште многу да се игра до крајот, а тимот на Микел Артета не смее да киксне затоа што ги следи Манчестер сити.

Тренерот Артета доби лоши вести пред продолжение на сезоната, затоа што Јапонецот Такехрио Томијасу се повредил и ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната.

Томијасу се повреди на дуелот против Спортинг Лисабон и беше заменет уште во деветтата минута, по што медицинските прегледи покажаа дека повредата е сериозна.