Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ерик Тен Хаг познава голем број фудбалери во Холандија и планира еден од нив да донесе во Манчестер јунајтед.
Најнова желба на тренерот на „црвените ѓаволи“ е дефанзивецот на Ајакс, Јури Тимбер, кој трпеливо чека повик од Тен Хаг.
Тимбер беше блиску до трансфер во Манчестер јунајтед и минатото лето, но не договори такво нешто, па сега се чека летниот преоден рок.
Овој 21-годишен фудбалер успешно ги покрива речиси сите позиции во одбраната, освен тие на левата страна од теренот.
За услугите на Тимбер е заинтересиран и Баерн Минхен, но Јунајтед е фаворит за Тимбер поради Тен Хаг.