„Му кажав на Берлускони дека Роналдо е дебел и мисли на жени, а Милан го купи следниот ден!“

Фабио Капело раскажа интересна анегдота за трансферот на Бразилецот Роналдо во Милан, иако го советувал Силвио Берлускони да не направи такво нешто.

Роналдо во 2007 година се пресели во Милан, а Капело откри што разговарал со Берлускони.

„Разговарав со претседателот и му кажав дека Роналдо мора да си замине. Имаше 94 килограми, го замолив да ја намали тежината, но не се случи тоа затоа што обожаваше ноќен живот и жени. Тоа му го кажав на претседателот за да го продаде. Имаше клуб од Суадиска Арабија, а реагираше и Берлускони. Му кажав дека Роналдо е дебел, не тренира и мисли на жени, а тој следниот ден го купи“, раскажува Капело.