Наполи почна преговори со Елмас за нов договор!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас заедно со Наполи е на добар пат да го освои Скудетото по долга пауза, а сега калчолигашот му нуди нова соработка.

Елмас е трет стрелец на Наполи оваа сезона, зад Осимен и Кварацхелија, па Наполи е задоволен од неговите настапи и затоа сака да го задржи во екипата.

Договорот на Елмас завршува во 2025 година, но Наполи сака да го задржи „дијамантот“ и по таа сезона, а со новата понуда Македонецот треба да добие и поголема плата.

Елмас пристигна во Наполи за 16 милиони евра од Фенербахче на тренерот Карло Анчелоти, по што се поврзуваше со трансфери во Лидс, Бенфика, Борусија Дортмунд и други, но на крајот остана во Неапол.