Неверојатен поен ги крена сите на нозе: Алкараз и Синер ги воодушевија сите во Мајами (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше со 2-1 во сетови против Карлос Алкараз и така избори финале на Мастерсот во Мајами, а притоа му помогна на Новак Ѓоковиќ да се врати на првата позиција на АТП-листата.

На двајцата тенисери им претстои добра иднина, а тоа го потврдија и во првиот сет, кога понудија голема борба, а на крајот како победник излезе Италијанецот.

Еден поен во седмиот гем ги воодушеви сите на трибините, а по голема размена на удари Шпанецот падна на колена, додека Италијанецот го славеше освоениот поен.