Ноќ за паметење на „росонерите“: Милан го декласира Наполи (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Милан одигра одличен натпревар и му одржа лекција на Наполи среде Неапол со 4-0 во 28. коло од италијанската Серија А.

„Росонерите“ постигнаа гол преку Леао во 17. минута, а потоа Дијаз стрелаше за 2-0, додека уште два гола во мрежата на Мерет беа постигнати во вториот дел.

Наполи се обидуваше да стигне до израмнување, но Леао погоди за 3-0 и ја продолжи агонијата на домаќините, додека Салемакерс ги постави конечните 4-0.

Наполи е прв со 71 бод, Лацио има 55, Милан 51, а Интер и Рома по 50 бода.