Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Комисијата на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги изрече казните за Вардар и Пелистер по инцидентите на дербито во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Вардарци ќе ги играат следните два меча без присуство на публика, а исто така ќе мора да платат 150.000 денари како казна, а истата парична санкција ја доби и Пелистер.
Казните за клубовите доаѓаат по прекинот на дербито, кое се играше на 26 март годинава, а му припадна на Вардар.