Инспектори го „чешлаат“ трансферот на Осимен од Лил во Наполи?

Финансиската полиција на Италија почна истрага за трансферот на Виктор Осимен од Лил во Наполи, кој чинеше 71,2 милиони евра.

Наполи го купи Осимен во 2020 година, но цената е висока ако е познато само дека напаѓачот за една сезона во Лил постигна 18 голови.

Сумата беше намалена за 20 милиони евра затоа што беа вклучени и четворица фудбалери кои се преселија во Лил, а тоа се Клаудио Манци, Луиџи Лигури, Чиро Палмиери и Орестис Карнецис.

Манци, Лигури и Палмиери никогаш не заиграа за Лил, тогаш заминаа на позајмици, а потоа беше пуштени како слободни фудбалери и тоа отвора сомнеж кај инспекторите.