Предупредување за Милан: Осимен се врати на тренингот на Наполи


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наполи соопшти дека Виктор Осимен се вратил на тренинг и најверојатно ќе биде подготвен за реваншот против Милан во Лигата на шампиони (ЛШ).

Кризата со напаѓачите на Наполи пристигна во најлош момент, односно пред првиот дуел со Милан, кој им припадна на „росонерите“ со 1-0.

Осимен е фантастичен оваа сезона и постигна 25 гола на 29 меча во Серија А, па без сомнеж ќе биде големо засилување за реваншот.