Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вчера одигра 0-0 против Гостивар и ја продолжи битката за враќање во Првата лига.
Најверните навивачи на Вардар, „Комити“ преку соопштение ја информираат јавноста дека решиле да им помогнат на фудбалерите со симболична финансиска поддршка.
„По натпреварот против Гостивар, дознавме дека “директорот” на клубот, Слободан Крстевски – Цобе, на фудбалерите не им ги исплатил ветените мининални финансии. Човекот кој во секој сегмент ја изневери нашата и довербата на фудбалерите, нема да го коментираме. Не е достоен за коментар!
Би сакале само да ја информираме јавноста, дека како група одлучивме, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, на сите фудбалери, и на стручниот штаб, да им подариме симболична финансиска помош. Знаеме дека тоа не е доволно, дека заслужуваат повеќе, но е искрен гест, со кој јасно порачуваме дека нивната болка е и наша болка.
Приходот од продадените билети, решивме да ги искористиме на овој начин.
Воедно, сакаме да ја информираме јавноста дека пред почетокот на втората полусезона, како група финансиски помогнавме и допринесовме кон тоа да клубот продолжи да функционира. Континуирано помагаме во секој сегмент, од купување медикаменти, преку обезбедување терени за тренинзи, за сите категории фудбалери, до целосна организација на сите тековни натпревари. Сето ова, го правиме со цел, нашите фудбалери – херои, да имаат достојни услови за играње!
За крај, благодарност до илјадниците навивачи, кои ја препознаа нашата борба, кои вчера беа на стадионот во Маџари и околу него. Борбата за Вардар е борба за Македонија. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане. Затоа не може да се уништи“, соопштија „Комити“.