Мбапе руши рекорди – стана најдобар стрелец на ПСЖ во Лига 1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе постави нов рекорд, откако стана најдобар стрелец на ПСЖ во историјата на Лига 1.

Мбапе постигна гол против Ленс (3-1) во првото полувреме од мечот и тоа беше негов 139. погодок во Лига 1 со што го надмина претходниот рекордер Едисон Кавани.

Кавани постигна 138 погодоци во Лига 1 и досега беше рекордер на ПСЖ, но сега неговото место го презема младиот и талентиран Французин.

Французинот настапува за парижаните од сезоната 2017/18, а и покрај големиот број шпекулации дека ќе замине минатото лето, сепак Мбапе реши да остане на „Паркот на принцовите“.