Ангеловски ќе биде тренер во Казахстан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски потпиша договор со Каспиј од Казахстан, каде што ќе ја продолжи кариерата.

Ангеловски имаше неуспешна авантура во хрватскиот тим Горица, но доби отказ поради лошите резултати.

„Македонскиот тренер е нов предводник на Каспиј. Тоа е добар тренер кој ја предводеше македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Му посакуваме среќа на нашиот тренер“, соопштија од Каспиј.