Мегваер прави глупости, но што направи Де Хеа? (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Севилја славеше со 3-0 против Манчестер јунајтед и обезбеди полуфинале во Лига Европа, а трагичари кај премиерлигашот беа Давид Де Хеа и Хари Мегваер.

Најскапиот стопер во историјата и капитенот на „ѓаволите“ одиграа катастрофален натпревар и со своите грешки ги почестија ривалите.

Мегваер во осмата минута му ја врати топката на Де Хеа, кој му ја врати, но тоа предизвика губење на топката и гол за домаќинот.

При вториот гол на Севилја, Де Хеа можеше и мораше да реагира подобро, а тоа не беше сè затоа што шпанскиот голман и во 81. минута повторно им подари гол на противниците.